• SISlovenski
  • englishEnglish
  • БългарскиБългарски
  • BosanskiBosanski
  • SrpskiSrpski
  • CrnogorskiCrnogorski
  • МакедонскиМакедонски
  • ShqipShqip
Мрежа на библиотечните информациски системи и информациските системи за истражувачка дејност
  • За мрежата COBISS.Net
  • Држави учеснички
  • Платформа COBISS
  • Конференции
  • Показатели на прираст

СПОГОДБА

за воспоставување на мрежата COBISS.Net и слободен проток на библиографски записи кои се креираат во автономните библиотечно-информациски системи на Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Словенија и Србија

  1. Потписниците на оваа спогодба го потврдуваат интересот на библиотеките кои ги застапуваат, дека автономните библиотечно-информациски системи на Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Словенија и Србија меѓусебно ќе се поврзат на начин кој на вклучените библиотеки ќе им овозможи преземање библиотечни записи од која било взаемна база на податоци COBIB во мрежата COBISS.Net.
  2. Библиографските записи, кои библиотеките ги креираат во своите взаемни бази на податоци, библиотеките од другите држави можат да ги преземат (копираат) во своите локални и взаеми бази на податоци за потребите на каталогизацијата на библитечниот материјал, без ограничувања и без финансиски надоместок.

    Таа можност и правото не се однесуваат на библиографските записи кои библиотеките ги креирале со преземање на записите од другите взаеми каталози (на пр. OCLC) врз основа на посебни комерцијални договори.

    Библиографските записи за сериските публикации, кои се креирани со копирање на нормативните записи од меѓународната база на податоци ISSN, можат да се преземат само ако за тоа се добие претходна согласност од Центарот за ISSN во Париз.
  3. Потписниците на оваа спогодба се согласни дека меѓусебно ќе ги усогласуваат основните каталогизациски правила за обработка на библиотечниот материјал, кои обезбедуваат неопходна компатибилност на библиотечните записи креирани во автономните библиотечно-информациски системи на платформата COBISS.
  4. Потписниците на оваа спогодба потврдуваат дека сите библиотеки во мрежата COBISS.Net ја користат единствената програмска поддршка COBISS3 за меѓубиблиотечно зајмување.
  5. Институтот за информациски науки од Марибор се обврзува дека со понатамошната програмска поддршка COBISS за взаемна каталогизација ќе обезбеди можност за преземање на записите, согласно со оваа спогодба, и ќе ја преземе координацијата на активностите околу реализацијата на оваа спогодба.
  6. Оваа спогодба е склучена на неодредено време со можност за промени, дополненија и раскинување врз основа на спогодбено прифатените одлуки на потписниците.
  7. Спогодбата е направена на англиски јазик и на јазиците на нејзините потписници.

Во Белград, 27.2.2003 г.

Расим Прште, директорr
Центар COBISS, Сараево, Босна и Херцеговина
(во име на библиотеките вклучени во системот COBISS.BH)

Чедомир Драшковиќ, директор
Централна народна библиотека „Ѓурѓе Црноевиќ“, Цетиње, Црна Гора
(во име на библиотеките вклучени во системот COBISS.CG))

Борко Зафировски, директор
Народна и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, Скопје, Македонија
(во име на библиотеките вклучени во системот COBISS.MK)

М-р Томаж Сељак, в.д. директор
Институт информациских знаности, Марибор, Словенија
(во име на библиотеките вклучени во системот COBISS.SI)

ретен Угричиќ, директор
Народна библиотека Србије, Белград, Србија
(во име на библиотеките вклучени во системот COBISS.SR))

© IZUM 2017 . Сите права задржани. | Изјава за пристапност
podpora@izum.si · +386 2 2520-331   |
x social network logo