LogoУпатство за работење во апликацијата COBISS Lib

1 Вовед

Новата генерација на програмата COBISS Lib е веб-апликација со истите функционалности кои ги има и COBISS3, но со нов кориснички интерфејс. Апликацијата работи во обични веб-прелистувачи и може да се користи на различни уреди, дури и на таблички и мобилни телефони.

COBISS Cat е одделна апликациј. Повеќе за неа можете да прочитате во упатството Упатство за работење во COBISS Cat.

Истовремено работење во COBISS3 и во COBISS Lib

Уште некое време ќе биде овозможено работење и во COBISS3 и во COBISS Lib, што значи дека измените и постапките што се изведени во COBISS3 се гледаат и во COBISS Lib и обратно.

За пријавување во COBISS3 или во COBISS Lib користите исто корисничко име, но не можете да се пријавите во двете апликации во исто време.

Во продолжение се претставени:

1.1 Пријавување во COBISS Lib

COBISS Lib е веб-апликација. Услов за работење е добра интернет врска и употреба на еден од најчесто користените веб-прелистувачи (на пр. Chrome, Firefox, Edge…).

Во апликацијата COBISS Lib можете да се пријавите преку почетната страница на линкот https://sr.cobiss.net/bibliotekari-lat.htm кадe што во делот COBISS Lib ја избирате опцијата Пријавување. Го внесувате акронимот или името на библиотеката, а потоа од паѓачкиот список ја избирате вашата библиотека.

Во COBISS Lib можете да се пријавите и на тој начин што во веб-прелистувачот ќе ја внесете веб-адресата https://cs.cobiss.net/clib/akronim/ при што поимот akronim ќе го замените со акронимот на вашата библиотека - на пр. за Мариборската библиотека со акроним SIKMB веб-адресата за пријавување гласи https://cs.cobiss.net/clib/sikmb/.

По кликнување врз линкот ќе се прикаже прозорец за пријавување во COBISS Lib во кој го внесувате корисничкото име и лозинката, кои се исти како и за работење во COBISS3:

Прозорец за пријавување во COBISS Lib

Привилегиите за работење се исти како и при работење во реалната околина на COBISS3.

Совети

Кратенката за пристап до апликацијата COBISS Lib можете да ја зачувате во омилени, односно на работната површина (desktop) за побрз пристап до прозорецот за пријавување.

COBISS Lib е PWA-апликација (Progressive Web Aplication) која овозможува да се инсталира како веб-апликација на уред со клик врз иконата за инсталација на апликацијата (Install app) во редицата за URL на веб-прелистувачот. Вака инсталираната апликација можете да ја користите како која било друга апликација. Оваа опција засега не е достапна во веб-прелистувачот Firefox.

Инсталација на COBISS Lib како апликација


Внимание

Дозвола за скокачки прозорци (pop-ups) во COBISS Lib: за извршување на сите постапки во апликацијата COBISS Lib (на пр. подготовка на исписи) во веб-прелистувачот Firefox задолжително треба да ги овозможите скокачките прозорци (анг. pop-ups) за веб-адресата на апликацијата COBISS Lib. Во другите веб-прелистувачи ова поставување е потребно одвреме-навреме, по инсталирање на новите верзии на веб-прелистувачот; зависи од основните поставки на веб-прелистувачот.

Временски период на неактивност во COBISS Lib и автоматско одјавување: по еден час неактивност во COBISS Lib ќе бидете автоматски одјавени од апликацијата.

1.2 Инсталација на сервисот COBISS DGW

За да ги користите периферните уреди, како што се печатачи, RFID-плочки, фиока на благајна итн., библиотеката мора да го инсталира сервисот COBISS DGW. Овој сервис овозможува комуникација помеѓу апликацијата COBISS Lib и периферните уреди.

Во продолжение е прегледот на уредите и на услугите кои библиотеката ги користи, односно ги нуди на своите корисници. За секое од нив во колоната СЕРВИС COBISS DGW е наведено дали инсталацијата на овој сервис е задолжителна или не.

Услуга/опрема на библиотеката Сервис COBISS DGW Параметар во COBISS DGW Забелешка
Печатачи (налепници, исписи, реверси/сметки) ДА / Попатно печатење реверси, сметки, налепници, исписи…
Читачи на бар-кодови НЕ
Фискализација на сметки ДА Edit TaxSI Инсталација на сертифика за фискална каса во COBISS DGW.
Само неготовинско намирување на побарувања надвор од библиотека НЕ
RFID уреди - граѓа ДА Manage Local Devices (RFID_book)
RFID уреди - членски карти ДА Manage Local Devices (RFID_card)
RFID - инвентарирање IZUM ДА Manage Local Devices (RFID_book)
Фиока на благајна ДА
Таблички за потпишување ДА
Сигурносна врата НЕ
Книгомати НЕ
Пакетомати НЕ
Печатење/испраќање/извоз или увоз/чување документи и исписи ДА Пример на постапки: увоз на е-документи, испраќање фактури во сметководство, извоз на податоци за налепница/RFID-чип…
Печатење на сите исписи само од .pdf формат НЕ
VALÚ ДА Edit Valú Инсталација на сертификат и поставување за Valú во COBISS DGW
POS-терминал ДА Manage Local Devices (POS)
Urbana ДА

Постапката на инсталација на сервисот COBISS DGW и уредување на поставките се опишани во упатството Инсталација и поставување на сервисот COBISS DGW.

Внимание

За инсталација на сервисот на работна станица неопходни се т.н. администраторски привилегии. За уредување одделни поставувања во COBISS DGW администраторски привилегии не се потребни.

Сервисот COBISS DGW е достапен само за оперативниот систем Microsoft Windows. Сервисот не може да се инсталира на мобилни уреди, па затоа од тие уреди не е овозможено непосредно печатење, намирување побарувања итн.

Ако користите мрежни печатачи или сервер за печатење, за пријавување во Cobiss3JettyService мора да го користите корисничкото име и лозинката на доменот. Ова може да го уредите во текот на инсталирањето на сервисот COBISS DGW во согласност со упатството Инсталација и поставување на сервисот COBISS DGW.

Инсталацијата на сервисот COBISS DGW и, во рамки на сервисот, инсталацијата на дигиталниот сертификат од директориумот C:\Cobiss3Files\cert е задолжителна, ако е библиотеката обврзник за фискализација на сметките и ако сака да ги намирува побарувањата во COBISS Lib. Постапката е опишана во упатството Инсталација и поставување на сервисот COBISS DGW.

Ако ги менувате поставувањата во сервисот COBISS DGW (на пр. инсталирате дигитален сертификат за фискализација на сметките), неопходно е повторно да се пријавите во COBISS Lib.

1.3 Работење со датотеки

Работењето со датотеки во апликацијата COBISS Lib се одвива во согласност со функционалностите на веб-прелистувачот. Така, во постапките во кои ви е потребна датотека (на пр. Ажурурај податоци за членовите – увоз), во прозорецот Избор на датотека со копчето Избери датотека… ја барате датотеката и од локацијата на која е зачувана ја повлекувате и ја пуштате во рамката која е предвидена за тоа.

Во постапките во кои како резултат се креираат датотеки (на пр. Ажурирај податоци за членовите – извоз или со опцијата Извези во текстуална датотека во пребарувачите), ја одредувате или ја менувате локацијата за чување и внесувате име на пренесената датотека, што зависи од поставувањата на веб-прелистувачот. Стандардната локација за чување датотеки е најчесто директориумот Преземања, т.е. Downloads, а датотеката вообичаено има име кое ни го нуди самата апликација при преносот.

Поставувања на веб-прелистувачот за да може корисникот при пренос да избере локација и да внесе име на датотеката

Во поставките на веб-прелистувачот побарајте ја опцијата Downloads, т.е. Преземања и означете ја функционалноста Пред преземање прашај каде сакам да ја зачувам секоја датотека, т.е. Always ask you where to save files.


Внимание

Во постапките во кои користите датотеки ви препорачуваме да обрнете должно внимание, бидејќи најчесто станува збор за постапки со кои менувате поголема количина податоци.

2 Кориснички интерфејс COBISS Lib

Корисничкиот интефејс COBISS Lib го сочинуваат следните компоненти:

2.1 Главен прозорец COBISS Lib

Функционалностите на главниот прозорец COBISS Lib се следните:

Главен прозорец на апликацијата COBISS Lib
  1. Опција за преод на начин на прикажување на цел екран
  2. Приказ на информациите за базата и одделението во кое сте пријавени
  3. Избор на одделение и опција за промена на одделението
  4. Увид во историјата на записите
  5. Увид во омилените записи
  6. Увид во пораките и известувањата со информација за нивниот број
  7. Пристап до местото за обработка на резервации со податок за бројот на пристигнати резервации
  8. Пристап до местото за следење на барањата за меѓубиблиотечно зајмување (МЗ) со информација за бројот на пристигнати барања
  9. Помош и информации за апликацијата COBISS Lib
  10. Опција за менување на темата (темна/светла)
  11. Информација за пријавениот корисник, што е воедно и копче за одјавување од апликацијата COBISS Lib
  12. Назив на содржинскиот склоп со соодветната икона која го означува склопот
  13. Опција за додавање нов запис во избраниот содржински склоп
  14. Клик врз називот на содржинскиот склоп го отвора пребарувачот за избраниот содржински склоп
  15. Назив на постапките во содржинскиот склоп Одделна постапка активирате со кликнување врз називот на постапката
  16. Дел од прозорецот во кој избирате сегмент на апликацијата COBISS Lib Се испишуваат само оние сегменти за кои имате дозвола за пристап
  17. Опција за преод на активни пребарувачи
  18. На постапките кои можете да ги активирате користејќи кратенки на тастатурата, информацијата за комбинацијата на тастери се испишува во екрански совет (на пр. комбинација на тастерите [Alt W] за преод на активни пребарувачи)
  19. Копчиња со кратенки за изведување постапки

2.2 Пребарувач

Во пребарувачот COBISS Lib се обединети елементите на пребарувачот и на работниот простор. Списокот на пронајдени записи претставува работен простор за избраниот содржински склоп и овозможува изведување постапки кои можете да ги изведувате со избраните записи во тој склоп.

Пребарувачот ги нуди следните опции:

Пребарувач во содржинскиот склоп Поле 996/997 во апликацијата COBISS Lib
  1. Ливчиња со називот на содржинскиот склоп во кој сте пребарувале податоци од последното пријавување во COBISS Lib (на сликата е активен пребарувачот на содржинскиот склоп Поле 996/997)
  2. Поле за пребарување по клуч (на пр. по инвентарен број во пребарувачот Поле 996/997), по клучни зборови или пребарување со помош на внес на барање за пребарување (командно пребарување)
    Командно пребарување е изводливо во содржинските склопови Граѓа, Поле 996/997 и Библиографски запис.
  3. Копче за испис на списокот на префикси и суфикси за пребарување и опис на опцијата за ограничување и скенирање
  4. Паѓачки список со назив на содржинскиот склоп, ако во пребарувачот е овозможено пребарување по повеќе склопови истовремено
  5. Паѓачки список за избор на поле за пребарување
  6. Паѓачки список за избор на операторот EMPTY, NOT или NOTEMPTY
  7. Полиња за внес на барањата за пребарување
  8. Копче за активирање на пребарувањето Ако не внесете барање за пребарување, со кликнување врз ова копче ги пребарувате сите записи во избраниот содржински склоп.
  9. Копче за преглед на поими
  10. Копче за отстранување на полињата за пребарување
  11. Копче за додавање дополнително поле за пребарување
  12. Копче за бришење на целото внесено барање за пребарување
  13. Копче за повторување на последното пребарување
  14. Паѓачки список за избор на податок по кој треба да се подредат резултатите од пребарувањето Можете да одредите опаѓачки или растечки редослед.
  15. Паѓачки список за избор на зачувани прашања
  16. Копче за пристап до уредувањето на зачуваните прашања
  17. Копче за зачувување прашања
  18. Копче за уредување и избор на прикази на резултатите од пребарување
  19. Копче за додавање записи во кратенки
  20. Копче за вчитување на следни 100 записи (стандардно се испишуваат само првите 20 записи)
  21. Копче за отворање на прегледувачот на записи, при што претходно треба да означите еден или повеќе пронајдени записи
  22. Копче за отворање на уредувачот на записи, при што треба претходно да означите еден резултат
  23. Копче за дополнителни опции, при што треба претходно да означите еден или повеќе пронајдени резултати: извоз во датотека во формат .txt, печатење или испраќање на дестинации, додавање во редица за испис и ново вчитување на записот од базата на податоци (освежување)
  24. Поле за означување на резултатите
  25. Поле за означување/отстранување на ознаките на сите вчитани резултати
  26. Испис на бројот на пронајдени резултати
  27. Копчиња за извршување постапки
  28. Опција за приказ на активни, односно отворени пребарувачи

Ако во содржинскиот склоп е активна постапката за додавање нов запис, се прикажува и копчето Додај Додај и тоа пред копчето Уреди Уреди. Во пребарувачот на содржинскиот склоп Граѓа на располагање е и копчето Преземи запис за преземање записи од заемната база на податоци.

Означување на саканиот опсег на резултати

Ако сакате да означите само одреден опсег на резултати (на пр. резултатите од редниот број 8 до 15), тоа го правите така што:


Вчитување запис во пребарувачот

Нов запис, односно записот со кој сте извршувале постапки, се вчитува најгоре во резултатите, значи како прв резултат во пребарувачот. Во исто време додадениот запис се означува, а програмата ве преместува на тој резултат во пребарувачот.


Пребарување по исти полиња за пребарување

При пребарување по исти полиња за пребарување помеѓу полињата важи операторот OR доколку сите исти полиња за пребарување имаат избран дополнителен оператор =. Инаку, помеѓу истите полиња за пребарување важи операторот AND.

2.3 Уредувач

Делови и опции на уредувачот се:

Уредувач на податоци за член
  1. Насловна редица на уредувачот со приказ на називот на содржинскиот склоп
  2. Ливчиња на уредувачот
  3. Назив на податокот (ако внесот на податокот е задолжителен, податокот е означен со астериск) Ознака на задолжителен податок
  4. Вредност на податокот кој го внесувате со впишување во полиња за внес или во прозорци за внес на вредноста, со избор од паѓачки списоци или од шифрарници, со означување на поле за потврдување итн.
  5. Опција за воспоставување, преглед и бришење на релации на записот со други записи
  6. Содржани записи со опција за додавање, уредување, бришење и прегледување
  7. Копчиња за извршување постапки со избраниот запис
  8. Копче Во ред за зачување на записот
  9. Копче Откажи за излез од уредувачот без зачувување на измените во записот

2.4 Прегледувач

Прегледувачот COBISS Lib овозможува прегледување записи и вчитување на избраните записи во активен пребарувач, во кратенки или во историја.

Делови и опции на прегледувачот се:

Прегледувач на избраниот запис
  1. Насловна редица која го прикажува називот на содржинскиот склоп
  2. Копчиња за движење по записите: Назад, Напред, Претходен и Следен
  3. Испис на податоците за избраниот запис
  4. Поврзани записи
  5. Копче Избери кое го вчитува избраниот запис во активниот пребарувач
  6. Копче Прикажи кое го отвора прегледувачот за избраниот поврзан запис
  7. Копче Додај во кратенки со кој избраниот запис се додава во кратенки
  8. Копче Во историја кое избраниот запис го додава во историја

Во активните пребарувачи можете истовремено да вчитувате записи само од ист содржински склоп. Ако во поврзаните записи наместо поединечниот запис го означите називот на поврзаниот содржински склоп и потоа кликнете на копчето Избери, ќе се отвори нов прозорец со табела на записи во поврзаниот содржински склоп. Опциите во тој прозорец се исти како оние кои ги овозможува пребарувачот во делот во кој се испишува резултатот од пребарувањето.

2.5 Сегмент Исписи

Сегментот Исписи е поставен на исто ниво како и останатите сегменти на апликацијата COBISS Lib.

Во главниот прозорец на овој сегмент опциите се поставени во одделни ливчиња:

Исписи во апликацијата COBISS Lib

Достапни се ливчиња со следните опции:

  1. Омилени исписи (ливче Омилени) каде што можете дополнително да изберете еден од вашите омилени исписи или омилени исписи на ниво на библиотеката
  2. Сите исписи (ливче Исписи) каде што можете да изберете системски и кориснички дефиниции на исписи
  3. Библиографии каде што можете да подготвувате исписи во оваа област
  4. Променливи коешто овозможува увид во променливите (системски и кориснички дефиниции) и нивно уредување
  5. Подредувања кое ќе овозможува увид во подредувањата и нивно уредување (оваа опција сѐ уште не е реализирана).
  6. Извоз на податоци кој покрај извоз на податоци овозможува и увид во извезените податоци.
    За користење на оваа функционалност не е потребна привилегија за работење во сегментот Исписи.

По кликнување на називот на одделна група исписи, променливи итн. се отвора нов прозорец во кој можете да изберете постапка која ја овозможува одделната функционалност. Можете да означите на пр. испис со кој сакате да изведете нешто (7), по што ја изведувате постапката со клик врз соодветното копче (8) (на пр. копчето Подготви испис за подготвување исписи).

2.6 Историја

Со клик врз копчето Историја се отвора прозорецот Историја кој овозможува увид во записите со кои во текот на вашето работење сте изведувале постапки.

Број на записи во историјата

Во историјата се чуваат најмногу 500 записи со коишто сте изведувале активности во текот на вашето работење. Кога ќе се достигне тоа ограничување, од историјата автоматски се бришат записите кои најпрво биле додадени во историјата.

2.7 Кратенки

Во текот на работењето записите од различни содржински склопови, кои често ги користите, можете да ги додадете во кратенки. До нив пристапувате со кликнување на копчето Кратенки. Записите во кратенките можете да ги додадете со избирање на записите во резултатите од пребарување во пребарувачот и од прегледувачот.

Ограничување на бројот на кратенки

Најголемиот број зачувани кратенки е 100. Кога ќе се достигне оваа граница повеќе не се додаваат записи во кратенки. Во тој случај од кратенки треба да се избришат записите кои не ги користите толку често во вашето работење.

3 Посебни прозорци

3.1 Прозорец Картичка

Во прозорецот Картичка ги изведувате постапките за евидентирање на граѓата кај член и кај одделение, но пристапувате и до уредувачот на податоците за членот и локалниот фонд на граѓата на библиотеката. Овој прозорец го замени прозорецот Граѓа на домашната библиотека во COBISS3.

Прозорец Kартичка - ливче Зајмување

Функционалностите на прозорецот Картичка се:

  1. Информација за членот, односно за одделението за кое сте отвориле евиденција на граѓата
  2. Паѓачки список за избор на постапки кои ќе ги изведувате со граѓата (на пр. зајмување, враќање, резервација итн.)
  3. Копче за отворање на каталогот на библиотеката во COBISS+
  4. Копче за отворање на пребарувачот по фондот на граѓата за зајмување Најдената граѓа врз основа на изборот може да ја зајмите, да ја резервирате итн.
  5. На копчињата за избор на постапки, во случај кога постојат кратенки на тастатурата за постапката, во екрански совет се испишува комбинацијата на тастери за кратенката на тастатурата.
  6. Опција за приказ на граѓата од сите одделенија (во библиотека со одделенија)
  7. Копче за промена на одделение во библиотеката (во библиотеките со одделенија)
  8. Ливчиња со граѓа евидентирана кај член (според статусите на граѓата).
    Секогаш се видливи ливчињата Сета граѓа и Зајмување, а другите ливчиња се видливи само ако кај членот е евидентирана граѓа со одделен статус, инвентар, односно извори на интернет.
  9. Копчиња за постапки кои може да ги изведувате за евидентирана граѓа врз основа на избор од список (на пр. продолжување на рокот за зајмување, зајмување резервиран слободен примерок) Постапките се различни во зависност од избраното ливче
  10. Паѓачки список за менување на приказот на евидентираната граѓа (на пр. граѓа која е евидентирана на тековниот ден)
  11. Копче за подготовка и печатење, односно испраќање реверси
  12. Опција за означување на граѓата со која сакате да изведете некоја постапка
  13. Главен дел на прозорецот со податоци за евидентираната граѓа
  14. Постапки кои можете да ги изведувате со евидентираната граѓа (претходно го означувате примерокот на кој сакате да ја изведете постапката)
  15. Податоци за членот, од каде што можете да преминете во уредувачот за членот или да изведете одделни методи за избраниот член (на пр. увид во трансакциите за членот)

Пристап до постапките со граѓата

Постапките кои можете да ги изведувате со граѓата може да ги изберете од паѓачки список - в. бр. 4 на горната слика.

Изведувањето одделни постапки во прозорецот Картичка можете да го активирате со кратенките на тастатурата, на пр. со комбинација на тастерите <Alt + I> ја активирате постапката зајмување надвор од библиотека.

Со клик врз името на одделно ливче во паѓачкиот список се активира постапка која можете да ја изведете на тоа ливче - така на пр. клик врз името на ливчето Зајмување ја активира постапката Зајми надвор од библиотека, клик на името на ливчето Враќање ја активира постапката Врати/Избриши

3.2 Извоз на податоци

До функцијата за извоз на податоци пристапувате во сегментот Исписи на ливчето Извоз на податоци. На ова ливче можете да пристапите и до датотеките со извезени податоци.

Пристап до извозот на податоци

За користење на оваа функционалност не е неопходна привилегија за работење во сегментот Исписи.

Главниот прозорец Извоз на податоци има облик на двоен прозорец каде во левиот прозорец ги избирате податоците кои сакате извоз на податоците, а можете да изберете и опција за подготовка на прашања или филтри. По кликнување врз опцијата Додај или Додај ги сите податоците што ќе ги извезувате преминуваат во десниот прозорец.

Функционалностите во прозорецот за извоз на податоци се следните:

Прозорец Извоз на податоци
  1. Избран содржински склоп
  2. Податоци на содржинскиот склоп каде што со клик врз називот на податокот ги означувате оние податоци кои сакате да ги вклучите во извозот
  3. Копче за обликување прашање, односно филтер
  4. Копчиња за додавање податоци во извозот
  5. Копчиња за отстранување податоци од извозот
  6. Податоци кои сте ги избрале за извоз
  7. Копче за активирање на извозот на податоци
  8. Копче за додавање потполиња
  9. Копче за вклучување кориснички дефинирани атрибути
  10. Копче за изведување пребарување
  11. Копче за чување на дефиницијата за извоз на податоци

3.3 Пребарувач Каталог

За потребите на пребарување на граѓата во COBISS Lib се користи каталогот на библиотеката во COBISS+. По избирање на постапката COBISS+ (на пр. во прозорецот Картичка) се отвора каталогот во COBISS+ за локалната база на податоци во која сте пријавени. Во случај на библиотека со одделенија се отвора каталогот за одделението во кое сте пријавени во COBISS Lib.

Резервирање граѓа

Доколку сакате да резервирате граѓа врз основа на избор од каталогот COBISS+, тоа го правите така што ги прегледувате деталните податоци за фондот и оттаму го копирате инвентарниот број на граѓата која сакате да ја резервирате.

За потребите на пребарување на граѓата по фондот кој библиотеката го има на располагање за зајмување, од прозорецот Картичка за членот или за одделението, со клик на копчето Каталог е овозможен пристап до пребарувачот на граѓата. По фондот на граѓата пребарувате на ист начин како што ја пребарувате граѓата во пребарувачот Поле 996/997.

Во најдените примероци граѓа можете да означите еден или повеќе примероци и да ги изведете следните постапки:

Пребарување со користење на паметната редица

Во првото поле за пребарување на пребарувачот Каталог во полето Инвентарен број (f) или командно пребарување или клучни зборови можете да го пребарувате фондот на граѓата со внесување на инвентарниот број, авторот или насловот на граѓата.

3.4 Прозорец Календар во образецот на излегување

Во COBISS Lib прозорецот за уредување на датумот на прием на свески се разликува од прозорецот Календар на излегување во COBISS3:

Прозорец Календар во образецот на излегување
  1. Податоци за фреквенција и период на излегување
  2. Одредување на излегувањето на свеската, првенствено за фреквенцијата непознато, неодредено, друго
  3. Одредување кога свеската не е издадена
  4. Одредување дека публикацијата не излегува за време на празници

4 Сегмент Поставувања и администрација

Во сегментот Поставувања и администрација достапни се функционалностите на сегментот COBISS3/Управување со апликациите и функционалностите кои во COBISS3 се наоѓаат во опцијата Систем.

Во овој сегмент достапна е и опцијата за поставување брзи копчиња за изведување постапки.

Пристап до сегментот Поставување и администрација

Пристап до сегментот е овозможен за сите корисници, но за изведување одделни постапки (на пр. уредување на податоците за партнерите) се потребни посебни привилегии.

Во сегментот Поставувања и администрација ги уредувате поставувањата за следните содржински склопови:

Овозможено е и пребарување по базата на податоци COLIB.

4.1 Поставување брзи копчиња за изведување постапки

За да го забрзате работењето во COBISS Lib, за однапред одредени постапки кои најчесто ги изведувате можете да поставите и да активирате копчиња за брз пристап до изведувањето на овие постапки. Сами ги додавате копчињата и им давате назив, а се поврзани за корисничкото име.

Постапка

  1. Во склопот Поставувања ја избирате постапката Постави кратенки за постапки.
    Се отвора прозорецот Уредувач на кратенки до постапки.
  2. По кликнување врз копчето Додај се отвора прозорец за поставување брзи копчиња.
    Со глувчето означувате одделна постапка за која сакате да поставите кратенка. За секоја кратенка на левата страна на прозорецот Ознака на постапката внесувате назив на тастерот со најмногу четири букви или броеви за кратенка до постапката, а во опцијата Активност со клик во прозорецот за потврдување означувате дали кратенката ќе биде активна или не.
  3. Поставките ги зачувувате со кликање врз копчето Во ред.
    Се враќате во прозорецот Уредувач на кратенки до постапки.
  4. По кликнување врз копчето Излез, копчето со одредена икона и внесениот назив ќе се додадат под насловната редица на апликацијата COBISS Lib.

Можете да го уредите и редоследот на копчињата или да ги избришете. Овие опции се достапни во командната редица на прозорецот Уредувач на кратенки до постапки.

Брзи копчиња за менување на одделение и отворање на прозорецот ГДБ

Во COBISS Lib менувањето на одделение на библиотеката е уредено во облик на копче во насловната редица на прозорецот на апликацијата, а методот Граѓа на домашната библиотека е заменет со методот Картичка. Затоа, за овие две постапки поставување брзи копчиња во COBISS Lib не е поддржано, а двете брзи копчиња, ако се поставени во COBISS3, во COBISS Lib ќе бидат повлечени по зачувување на поставувањето кратенки.

5 Совети за работење во COBISS Lib

Подрачје на работење Совети
Поставување на големината на приказот во интерфејсот Големината на приказот ја уредувате со опцијата Зголеми, односно Zoom во веб-прелистувачот.
Криење на името на сегментите Со клик врз иконата Прикажи/скриј сегменти можете да ги скриете сегментите на програмата. Така го зголемувате работниот простор. Ако повторно кликнете на оваа икона, сегментите повторно се прикажуваат.
Приказ на просторот со отворени пребарувачи ~ работен простор Во COBISS Lib работниот простор е заменет со функционалностите на пребарувачот во COBISS Lib. Записите со кои ги изведувате постапките се вчитуваат во делот на пребарувачот со прикажани резултати од пребарувањето. Притоа се отвораат онолку пребарувачи колку што има содржински склопови со кои сте изведувале постапки во COBISS Lib. Тоа значи дека записите со кои сте работеле се распоредени по одделни пребарувачи. До тие пребарувачи пристапувате со клик врз иконата Активни пребарувачи.
Поставување копчиња за одделни постапки За некои од најчесто изведуваните функционалности во сегментот Поставувања и администрација во содржинскиот склоп 6 - Поставувања со постапката Постави кратенки за постапки можете да дефинирате копчиња кои се поставуваат под насловната редица на COBISS Lib. Копчињата се видливи во сите сегменти.
Означување на опсег на записи во пребарувачот, прегледувачот Прво го притискате и го држите тастерот <Ctrl> и кликнувате врз редицата со резултатот во пребарувачот, односно со записот во прегледувачот кој како прв треба да биде опфатен во опсегот што сакате да го означите; потоа го притискате и го држите тастерот <Shift> и кликнувате врз редицата со резултатот, односно со записот кој како последен треба да биде означен во избраниот опсег.
Поврзани записи Поврзаните записи (на пр. во пребарувачот) можете да ги погледнете со кликнување врз копчето Прикажи кое го отвора прегледувачот на избраниот запис. Во долниот дел на прозорецот се прикажани поврзаните записи кои можете да ги прегледате, вчитате, зачувате во омилени или да ги додадете во историја.
Преземање запис При преземање запис, за потребите на уредување ограничено множество податоци (во ново ливче на веб-прелистувачот), автоматски се отвора апликацијата COBISS Cat каде се нуди опцијата Уредување на ограничено множество библиографски податоци. Податоците можете да ги уредите и да ги зачувате. Потоа го затворате ливчето на веб-прелистувачот, бидејќи за секое преземање запис COBISS Cat се отвора во ново ливче на веб-прелистувачот.
За побрз пристап до опцијата за преземање записи во пребарувачот Граѓа е додадено копче Преземи запис кое овозможува изведување на оваа постапка.
Граѓа на домашната библиотека Постапката Член / Граѓа на домашната библиотека од COBISS3 во COBISS Lib е заменета со постапката Картичка.
Каталог во зајмување Во COBISS Lib оваа опција е заменета со опцијата Каталог. Оваа опција е достапна во прозорецот Картичка во кој е достапно и копчето COBISS+ кое го отвора каталогот на библиотеката во COBISS+.
Сегмент Поставувања и администрација Во овој сегмент се достапни функционалностите на сегментот COBISS3/Управување со апликациите и функционалностите кои во COBISS3 се наоѓаат во опцијата Систем.
Извоз на податоци Функционалноста Извоз на податоци се наоѓа во сегментот Исписи на ливчето Извоз на податоци. До извезените датотеки може да им пристапите и во COBISS Lib со опцијата Датотеки со извезени податоци која е достапна на ова ливче. Датотеките се чуваат само 7 дена од создавањето, по што се бришат.
Датотеки со извезени податоци Во опцијата Датотеки со извезени податоци која се наоѓа на ливчето Извоз на податоци се достапни и датотеките со исписите што сте ги подготвиле и сте ги отвориле во форматот PDF. Датотеките се чуваат само 7 дена од создавањето, по што се бришат.
Инвентар Во COBISS Lib функционалноста на зајмување инвентар се изведува од прозорецот Картичка на избраниот член, така што во десниот дел од тој прозорец, во податоците за членот, кликнувате на копчето Инвентар. Податоците за инвентарот се гледаат во прозорецот Картичка на ливчето Инвентар.
Проблеми со печатење Во случај на проблеми со печатење (на пр. не се печатат налепници или реверси), треба да проверите:
- дали се уредени логичките дестинации (сегмент Поставувања и администрација / склоп 6 - Поставувања / Логички дестинации)
- дали печатачот е приклучен локално или мрежно (проверете со администраторот на вашите уреди)
- дали за потребите на печатење на мрежни печатачи е уреден посебен корисник (проверете со администраторот на вашите уреди)
- функционирањето на сервисот COBISS DGW (сегмент Поставувања и администрација / склоп 9 - Сервер / Тестирај ја врската со COBISS DGW)


Користење на функцијата Назад и Вчитај ја повторно страницата (Reload, F5) во веб-прелистувачот COBISS Lib

Функцијата Назад и Вчитај ја повторно страницата повторно ја вчитуваат апликацијата COBISS Lib и ве враќаат на контролната табла, а сите незачувани промени со тоа се губат. Затоа ве советуваме да не ги користите овие две функции. Исто така, мора да водите сметка COBISS Lib да не е отворен на повеќе од едно ливче на веб-прелистувачот.

6 Список на кратенки на тастатурата (hot keys) за изведување некои постапки

Кратенките на тастатурата (т.н. keyboard shortcuts) можете да ги користите во различни делови на корисничкиот интерфејс на апликацијата COBISS Lib:

и работат во комбинација со тастерот Alt.

Во постапките каде што е вклучена оваа опција кратенката на тастатурата се испишува во облик на екрански совет кога со глувчето ќе се поставите на називот на постапката.

6.1 Кратенки на тастатурата во главниот прозорец COBISS Lib

Кратенките на тастатурата функционираат без оглед на избраниот сегмент, но функционирањето е ограничено на евентуалните неопходни привилегии за изведување на одделна постапка.

Кратенка на тастатурата (hot key) Постапка, метод Забелешка
<Alt + D> Граѓа / Контрола на прилив
<Alt + G> Поле 996/997 / Прегледај
<Alt + I> Член / Картичка
<Alt + S> Член / Евидентирај посета
<Alt + V> Зафатена граѓа / Врати, избриши
<Alt + A> Зафатена граѓа / Врати со задршка
<Alt + M> Место за обработка на резервации / Следење и обработка на резервации на слободна граѓа
<Alt + P> Место за подигање на граѓата / Подготви граѓа за подигање или за доставување
<Alt + N> Сметка / Намири побарување за нечлен
<Alt + O> Одделение Промена на одделение на библиотеката; само во библиотеките со зајмување организирано по одделенија.
<Alt + C> Состојба на благајната / Отвори фиока на благајната
<Alt + K> Граѓа / Каталог
<Alt + H> Граѓа / Преземи граѓа од COBIB
<Alt + B> Одделение /Пренеси граѓа (библиобус)
<Alt + W> Ја активира опцијата Активни пребарувачи

6.2 Кратенки на тастатурата во пребарувачите

Во сите пребарувачи, покрај кратенките на тастатурата кои се на располагање во главниот прозорец COBISS Lib, функционираат и кратенките на тастатурата за следните постапки:

Кратенка на тастатура (hot key) Постапка, метод Забелешка
<Alt + U> Уреди
<Alt + J> Прикажи
<Alt + I> Картичка Без избор на член во пребарувачот Член – се отвора прозорецот Пребарување по клуч
<Alt + Q> Картичка Само во пребарувачот Член во кој за избраниот член се отвора прозорецот Картичка

6.3 Кратенки на тастатурата во прозорецот Картичка

Кратенка на тастатурата (hot key) Постапка, метод Забелешка
<Alt + I> Зајми надвор од библиотека
<Alt + V> Врати / Избриши
<Alt + A> Задржи
<Alt + P> Продолжи
<Alt + R> Резервирај надвор од библиотека
<Alt + K> Каталог
<Alt + G> Прегледај
<Alt + C> COMARC
<Alt + D> Реверс
<Alt + O> Одделение Промена на одделение на библиотеката; само во библиотеките со зајмување организирано по одделенија.
<Alt + E> Уреди Отворање на уредувачот Член за уредување на податоците за членот.
<Alt + X> Благајна
<Alt + Q> Инвентар Ја активира опцијата за евидентирање на постапките со инвентарот за избран член.
<Alt + N> Забелешка
<Alt + L> Граѓа од сите одделенија Ја означува опцијата за приказ на граѓата од сите одделенија; само во библиотеките со зајмување организирано по одделенија.
<Alt + S> Зајми за читалница
<Alt + U> Резервирај за читалница

7 Започнување со работа во COBISS Lib

Функционалностите на апликацијата можете да ги изведувате, како во COBISS3, така и во интерфејсот COBISS Lib. Тоа значи дека сите измени направени во COBISS3 веднаш ќе бидат видливи и во COBISS Lib и обратно (на пр. ажурирани податоци за фондот, измени во евиденцијата за граѓа кај членот…). Во работењето со COBISS Lib ќе се почитуваат и поставувањата на параметрите кои се веќе вклучени во библиотеката за работење во COBISS3.

Постапките за изведување на функционалностите во COBISS Lib се слични со постапките во COBISS3, а се разликува само интерфејсот. Тоа значи дека во работењето и понатаму можете да ја користите корисничката документација која е подготвена за COBISS3. Прозорците кои се сосем нови (на пр. прозорецот Граѓа на домашната библиотека, кој во COBISS Lib е заменет со прозорецот Картичка), накратко се претставени во поглавјето Посебни прозорци.

За разлика од преодот од COBISS2 на COBISS3, посебен преод од COBISS3 на COBISS Lib нема да биде потребен, па затоа отпаѓаат чекорите како што се:

Тоа значи дека веднаш по инсталацијата можете да започнете со работа во апликацијата COBISS Lib. Самите можете да изберете кои постапки најпрво ќе почнете да ги изведувате во COBISS Lib, а кои подоцна. Ви предлагаме во COBISS Lib што поскоро да започнете да ги изведувате функционалностите кои најчесто ги користите во вашето работење.

Истовременото работење во COBISS3 и во COBISS Lib ќе биде можно уште некое време.

Во случај на неправилно функционирање или на функционалности што недостасуваат известете не што поскоро на е-адресата podpora@izum.si.