Конференцијата COBISS 2024 беше 24-та конференција по ред. Под слоганот Заедно градиме доверба во науката и развојот конференцијата се одвиваше од 23 дo 24 октомври 2024 година, во живо во ИЗУМ во Марибор и од далечина. Беа претставени повеќе интересни теми од различни области на науката и библиотекарството. Угостивме 35 предавачи од Словенија и од странство. Во текот на двата дена на конференцијата беа одржани 34 предавања кои ги следеа повеќе од 700 учесници од 11 земји, во просториите на ИЗУМ и од далечина преку апликацијата Zoom.
- 23.10. - 24.10. 2024 г.
- Институтот за информациски науки во Марибор
- 19.10. - 20.10. 2022 г.
- Институтот за информациски науки во Марибор
Конференцијата COBISS 2022 беше 23-та конференција по ред. Под слоганот Заедно градиме доверба во науката и развојот конференцијата се одвиваше од 19 дo 20 октомври 2022 година, во живо во ИЗУМ во Марибор и од далечина. Беа претставени повеќе интересни теми од различни области на науката и библиотекарството. Угостивме 25 предавачи од Словенија и од странство. Во текот на двата дена на конференцијата беа одржани 24 предавања кои ги следеа повеќе од 600 учесници од 12 земји, во просториите на ИЗУМ и од далечина преку апликацијата Zoom...
COBISS Meet 2020
- 10. 12. 2020 г.
- Институтот за информациски науки во Марибор
И оваа година Институтот за информациски науки во Марибор (ИЗУМ) ја организираше традиционалната конференција COBISS во облик кој е прилагоден на моменталната ситуација. Настанот го нарековме COBISS Meet 2020, а беше изведен виртуелно, односно преку интернет. Главна тема на настанот беа презентациите за новите пристапи и новости кои во последно време ИЗУМ ги воведе за сите учесници во мрежата COBISS.Net. Виртуелната сцена беше одлична прилика за дискусија за идеите и заедничките планови за иднината, како и за контакт со предавачите, колегите и другите учесници на настанот. COBISS Meet 2020 се одвиваше во живо од 1 до 3 декември 2020 година на интернет платформа. Настанот го следеа 619 учесници од повеќе од 10 земји. Дека успешно се поврзавме докажуваат повеќе од 1.500 коментари, поздрави, прашања и одговори кои се нижеа во собата за разговор во текот на настанот. Поздравните говори, предавањата и дискусиите со предавачите се на располагање на YouTube-каналот COBISS – poti do znanja.
- 28.11. - 29.11. 2018 г.
- Институтот за информациски науки во Марибор
Во Институтот за информациски науки во Марибор оваа есен се одржуваше традиционалната меѓународна конференција COBISS. На конференцијата учествуваа повеќе од 260 учесници од 11 држави. Со централната тема Училишните библиотеки во глобалната библиографско-информациска мрежа зборувавме за додадената вредност од вклучувањето на училишните библиотеки во системот COBISS...
- 22.11. - 23.11. 2016 г.
- Институтот за информациски науки во Марибор
И овогодишната конференција COBISS 2016, која се одржуваше на 22 и 23 ноември 2016 година во новите простории на ИЗУМ во Марибор, понуди бројни интересни теми, а во исто време беше и прилика за размена и обновување на стручните знаења, како и за многу предизвици...
- 19.11. - 20.11. 2014 г.
- Kongresni center Habakuk, Maribor, Slovenija
На конференцијата непосредно учествуваа околу 250 надворешни учесници од повеќе од десет држави. Конференцијата, исто така, даде прилика за меѓусебно запознавање, обновување на стручните и личните познанства ...
- 351
- 15.11. - 16.11. 2011
- Kongresni center Habakuk, Maribor, Slovenija
Содржинската црвена нишка на конференцијата беше слободниот проток на библиографски информации, што е во согласност со општата цел на досегашните конференции да придонесат за запознавање на развојот на струката во странство и кај нас, како и да ја зајакнат поврзаноста на меѓународната заедница на стручњаци кои го развиваат и го користат COBISS ...
МИНИСТЕРСКА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ИНФОРМАЦИСКАТА ИНФРАСТРУКТУРА НА НАУКАТА, ОБРАЗОВАНИЕТО И КУЛТУРАТА COBISS 2009
повеќе...- 475
- 11.11. - 12.11. 2009
- Kongresni center Habakuk, Maribor, Slovenija
Во рамки на конференцијата беа организирани панели за Информациската поддршка на евалуацијата на истражувачката дејност (во соработка со министрите за наука и технологија и високо образование на државите во регионот) и за библиотечните информациски системи како најсеопфатни прегледи на творештвото (во соработка со министрите за култура на државите во регионот). Двете панел-дискусии се надоврзуваа на "Европската година на творештвото и иновативноста" ...
- 414
- 28.11. - 29.11. 2007
- Kongresni center Habakuk, Maribor, Slovenija
Kонференција ЦОБИСС, на која повторно очекуваме учество на голем број библиотекари и информатичари од државите на Југоисточна Европа, а посебно од државите на Западен Балкан. Иако овогодишната тема се надоврзува на одлуката на Европската комисија да ја прогласи следната година за "Европска година на интеркултурен дијалог", за ваквиот назив на конференцијата имаме и свои, секако убедливи, причини ...
- 421
- 29.11. - 30.11. 2006
- Kongresni center Habakuk, Maribor, Slovenija
На конференцијата се расправаше за значењето на библиотеките за развојот на Југоисточна Европа. Покрај бројните стручни лица за библиотекарство и информатика, учестуваа и претставници на надлежните министерства од државите на овој регион и претставници на генералните директорати на ЕУ и на меѓународните организации кои се грижат за развојната помош ...
- 317
- 09.11. - 10.11. 2005
- Kongresni center Habakuk, Maribor, Slovenija
Врз основа на дадените предлози на конференцијата и ставот на Меѓународниот програмски одбор ја пренесуваме идејата дека ЦЕИ би можела да стане трајна рамка на идните конференции COBISS. Според оценките од конференцијата, соработката и поврзувањето на библиотечните системи во Централна Европа со цел забрзување на автоматизацијата, претставуваат неопходна меѓуфаза за во блиска иднина да се приближат и вклучат во проектите на дигиталната библиотека на ЕУ ...
- 312
- 09.11. - 11.11. 2004
- Kongresni center Habakuk, Maribor, Slovenija
Бројни угледни предавачи и многу заинтересирани учесници на конференцијата, заедно со организаторите и Меѓународниот програмски одбор под раководство на Зигрид Рајницер на најдобар начин ги одбележаа дваесетте години од кога ИЗУМ се грижи за развојот и ги одржува библиотечно-информациските системи. За таа пригода честитка испрати и претседателот на Република Словенија, Јанез Дрновшек ...
- 20.11.2003
- Kongresni center Habakuk, Maribor, Slovenija
Главна идеја на конференцијата COBISS 2003 беше пред влегувањето во ЕУ да ја провериме улогата и позицијата на нашите активности. Процесот на придружување побара од Владата на Република Словенија да размисли и да ги документира суштинските проекции на својот иден развој ...
- 12.11. - 13.11. 2002
- Kongresni center Habakuk, Maribor, Slovenija
Сите овие години се трудевме со програмите на конференциите да опфатиме суштински промени во библиотечната и во информатичката струка на светско ниво и во исто време да одговориме на најважните промени во општественото опкружување во кое работиме ...
- 13.11. - 14.11. 2001
- Institut informacijskih znanosti, Maribor, Slovenija
Во панел-дискусиите учествуваа признати стручни лица и луѓе со богато искуство, кои го нагласија суштиското влијание во поттикнувањето поширока употреба на изворите што се нудат со нашите информациски системи ...
- 28.11. - 29.11. 2000
- Slovensko narodno gledališče, Maribor, Slovenija
Во системите COBISS и SICRIS, без каков било сомнеж, најважни се крајните корисници. Нивниот број нагло расте, а цела низа показатели ја оправдува оценката дека ИЗУМ е еден од најважните понудувачи на електронски информации во државата ...
- 01.12.1999
- Institut informacijskih znanosti, Maribor, Slovenija
Овогодишен специјален гостин: Могенс Брабанд Јенсен, со предавањето Вистинска соработка во рамките на библиотечната заедница – примерот на Данска ...
- 02.12.1998
- Institut informacijskih znanosti, Maribor, Slovenija
Овогодишен специјален гостин: Бендик Ругас, со предавањето Улогата на државата во обезбедувањето на пристап до информациите ...